4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасоски: Уште не сме го поминале најлошто, и за жал оваа битка...

Спасоски: Уште не сме го поминале најлошто, и за жал оваа битка ќе трае но од нас зависи дали сакаме да победиме !!!

– Секој од нас треба да даде максимален придонес за оваа критична фаза во која влегуваме. Ќе го сопреме непријателот, но оваа битка ќе трае. Од секој од нас зависи колку долго и со колкав интензитет ќе војуваме со корона вирусот. Не сме го поминале најлошото, според експретите во следните 2 до 3 недели ќе го достигнеме пикот. Заканата е страшна, радикална, затоа и нашето однесување, на секој од нас, мора да биде и радикално и мноу поразлично од досега. Владата денеска донесе дополнување на одлуката за забрана на движењето на граѓаните на целата територија на земјата, рече Спасовски на прес-конференцијата која е во тек.

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија. Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Дополнително, за лицата над 67-годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тепачка меѓу функционери на ДУИ во Гостивар?!?!

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол. Додека претходно во Струга дошло...

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...