9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаВо охридската болница сместени се шест лица позитивни на Ковид-19

Во охридската болница сместени се шест лица позитивни на Ковид-19

spot_imgspot_img

овопоставенот директор на Општата болница во Охрид, д-р Горан Балевски денеска соопшти дека состојбата со заразата со коронавирусот будно се следи, уверувајќи оти здравствената установа има доволно капацитети, знаење за справување со предизвиците што ги носи епидемијата.

– Формиран е кризен штаб составен од избрани лекари од сите одделенија, така што со заеднички насоки формиран е тријажен центар за прием на болни, кои потоа според однапред утврдени патеки на движење потоа се упатуваат кон соодветни одделенија зависно од потребата, изјави Балевски.

Моментално во болницата во Охрид се испразнети одделенијата за геријатрија и кожни заболувања, резервирани за сместување пациенти со сомнителна клиничка слика односно со симптоми на Ковид-19, а без потврдена дијагноза.

Согласно препораките на Министерството за здравство, полесните случаи пациенти позитивни на Ковид-19 се третираат на Инфективното одделение во Охрид, додека потешките се упатуваат во регионалниот центар во Битола.

Инфективното одделние во Општата болница во Охрид располага со три лекари, двајца специјализанти, со капацитет за сместување 20-тина пациенти. На одделението моментално има шест лица со симптоми на Ковид-19, чии резултати се уште не се пристигнати односно нивната дијагноза не е потврдена.

Од избивањето на епидемијата на коронаворусот досега во охридската болница се примени пет пациенти од Охридско-струшкиот регион позитивни на Ковид-19, кои потоа се упатени во специјалните центри за третман.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...