6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа првпат во Македонија се одржа онлајн судење !!!

За првпат во Македонија се одржа онлајн судење !!!

За прв пат денеска во Основниот суд Кавадарци  расправите за четири  судски предмети се одржаа со онлајн судења, со користење на  електронската платформа за двонасочна комуникација „Microsoft Teams“,  со што се овозможи судењата со сите инволвирани учесници да се одржат без нивно  заедничко физичко присуство  во зградата на судот, пишува веб порталот Академик.

„Во предметите за денешните онлајн судења  на Основниот суд Кавадарци учествуваа:  Основното јавно обвинителство Кавадарци, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Кавадарци и адвокатите застапници на странките во постапките.

На овој начин, судот и сите други учесници во постапката  ги презедоа и  обезбедија сите мерки за превенција, со  обезбедување на социјалната димензија за време на воспоставената вонредна  состојба, со цел за непречено одржување на расправите и преземање дејствија  во текот на судските постапки.

Основниот суд Кавадарци  ја користи оваа прилика да им изрази огромна благодарност на стручниот и професионалниот пристап и посветеноста во ова време на: Основното јавно обвинителство во Кавадарци и  јавните обвинители кои учествуваа во денешните постапки,  на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјални работи  Кавадарци  и нивниот стручен тим,  како и на адвокатите кои со своите знаења и способности се охрабрија за прв пат да учествуваат и да помогнат да се одржат овие онлајн судења“, соопштуваат од Основниот суд Кавадарци.

Извор: Aкадемик

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...