10.6 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаПред банките во Македонија е вистински панаѓур овие дена !!!

Пред банките во Македонија е вистински панаѓур овие дена !!!

И покрај владините мерки и препораки, во кои јасно се нагласува избегнувањето на гужви и се наложува држење на растојание, како превентива од опасниот вирус, сепак деновиве пред голем број на банки, во речиси сите градови во земјава, владее ,,панаѓурска” атмосфера.

Социјалните мрежи се преполни со фотографии и видео снимки на кои се гледаат десетици повозрасни лица кои буквално си дишат во врат, додека чекаат ред пред влезовите на банките.

Загрижени граѓани од Охрид, Неготино, Скопје и други градови споделија голем број на фотографии, апелирајќи да се стави ред на состојбата.

-Обезбедување на банките, полиција, има ли надлежни служби кои ќе им стават крај на турканиците пред банките? – прашуваат граѓаните. Од она што го забележавме на терен, најчесто пензионерите, кои спаѓаат во најризичните групи кога е вирусот во прашање, чекаат во ред да подигнат парични средства. Нивното образложение е дека не се свикнати да плаќаат со платежни картички, туку преферираат да плаќаат со кеш во рака.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...