15.4 C
Ohrid
вторник, септември 22, 2020
Почетна Македонија Денес од Ковид-19 почина и родилката од Куманово на 27- годишна возраст.

Денес од Ковид-19 почина и родилката од Куманово на 27- годишна возраст.

Translate (Eng):[gtranslate]

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19.

Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.

Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење.

РЕКЛАМА

„И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален“, информираат од ресорното министерство.

Клиниката за гинeкологија и акушерство соопшти дека бебето е во добра состојба, сè уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.

Ова е трета смрт од коронавирус во последните 24 часа во земјава, со што бројот на починати се зголеми на 29.

- Реклами -