3.3 C
Ohrid
вторник, декември 1, 2020
Почетна Македонија На сметката за донации Македонија собра само 800.000 евра

На сметката за донации Македонија собра само 800.000 евра

Translate (Eng):[gtranslate]

Околу 800.000 евра е финансиска помош што „легнала“ на сметките што специјално за справување со корона вирусот ги отвори Министерството за здравство неодамна.

Во неа не влегуваат парите што доаѓаат од странските донатори, а кои се наменети за медицинска опрема или за поддршка на економскиот сектор во земјата кој е загрозен од кризата. Тука не влегуваат ни бројните донации во медицинска и друга заштитна опрема, производи или услуги што секојдневно ги даваат многу домашни компании за да покажат солидарност во справувањето со епидемијата.

Обезедените сретства од специјалната сметка за донации ќе бидат употребени за учество на огласите за јавни набавки на ЕУ, каде што Македонија доби пристап, и преку нив ќе може да обезбеди поевтина медицинска опрема и, што е најважно, да има организирана достава за неа.

РЕКЛАМА

Договорот за учество во јавните набавки на ЕУ треба да го потпише министерот Венко Филипче, а со него значајно ќе се олесни обезбедувањето медицински сретства, за кои има огромна побарувачка во моментов, а проблем беше да се донесат дотука бидејќи многу земји воведоа рестрикции на нејзиниот извоз, а и комуникациите се нарушени со епидемијата. Досега, двапати се случило да се нарача некоја опрема, а некој да понуди повисока цена и да ни ја земе.

Ова се донациите од странските држави и на дел од компаниите во Македонија:

ЕУ обезбеди четири милиони евра за итни медицински потреби на Северна Македонија, како одговор на кризата со Ковид-19. Помошта од ЕУ овозможува набавка на маски, вентилатори, комплети за тестирање, медицинска опрема и значителни количини на опрема за лична заштита. Тековната помош е дел од солидарниот пакет помош на ЕУ за нашата земја во висина од 66 милиони евра, наменет за справување со состојбата со корона вирусот. Во рамки на пакетот, освен овие четири милиони евра за итни медицински потреби, ЕУ обезбедува и 50 милиони евра за социо-економско закрепнување, девет милиони евра за помош на приватниот сектор и три милиони евра директна буџетска поддршка.

Словенија донираше 110.000 евра во заштитна опрема – 100.000 заштитни маски и исто толку пара ракавици наменети за македонската полиција.
Норвешка најави 25 вентилатори и медицинска опрема за Инфективната клиника во вредност од 180.000 евра (сѐ уште во процедура).
Холандија најави 4.000 тестови за за коронавирус базирани на нуклеарна технологија кои се развиени од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Светската здравствена организација. Исто така ќе обезбеди и машини за тестирањата за Институтот за јавно здравје и за Ветеринарниот институт.
Бугарија најави 300 заштитни одела за армијата.
Кина најавила помош за Министерството за здравство во вредност од 30.000 евра во опрема.
ОБСЕ обезбедило заштитна опрема за институциите од 37.200 евра и 16 возила за Црвениот крст за дистрибуција на потребни производи во селата.
Британската амбасада во земјава донираше опрема за Армијата за поддршка за нивното справување со ситуацијата со коронавирусот која се состоеше од заштитни ракавици и повеќе видови пумпи на висок притисок и рачни пумпи за дезинфекција.

Извор: Независен Весник

- Реклами -