7.1 C
Ohrid
среда, ноември 25, 2020
Почетна Македонија Цветановски: Како не и срам бе на оваа учителка во тв училница,...

Цветановски: Како не и срам бе на оваа учителка во тв училница, цело време Северна па Северна се завикала…

Translate (Eng):[gtranslate]

Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ

„Алооооо, кажете и на госпожата на МТВ во „ТВ Училница“ да престане да кажува СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА! Такво нешто не пишува ни во учебниците, се’ уште не успејаа да ја сменат таму.

На слајдовите си стои Република Македонија, а таа вергла ли вергла некаква СЕВЕРНА?!

РЕКЛАМА

Да, Оливер Спасовски ви беше гостин во училницата, но не мора да слушате директиви и да ја додавате глупоста контра јужната пред секоја РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!

Дајте бре бар во време на корона олабавете, луѓе ќе менуваат канали, биљмези испаѓате, ко прес на Влада да слушаме!

СРАМОТА Е!

Јас на ќерката и објаснувам дека госпожата тресе зелени и дека не е така. Аман бе луѓе…“

Инаку директор на МРТВ е вмровецот Марјан Цветковски за кого пред неколку месеци беше поднесена кривична пријава до ОЈО, а уредник на првата прогрма е Анета Андонова.

- Реклами -