5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаСе влошува состојбата на родилката од Куманово, Битола регионален центар за Корона

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, Битола регионален центар за Корона

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека на Инфективната клиника во последниве 24 часа се примени четворица пациенти, со што на клиниката сега има 67 пациенти. Од нив, шестмина се на механичка вентилација, а 12 се во потешка состојба.

„Има влошување на состојбата кај родилката од Куманово, таа е се уште респираторно самостојна, но има значајно полоша клиничка слика и радиографски наод на белите дробови“, рече тој.

Во Градската болница „8 Септември“ хоспитализирани се 19 пациенти, од кои тројца се на респираторни машини, а девет се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола, кој сега функционира како регионален центар, префрлени се сите пациенти од Охрид, бидејќи, како што рече Филипче, таму има добра инфраструктура и зградата на инфективното одделение е физички одделена од останатите.

Во Штип се сместени четворица пациенти, од кои еден е со средно тешка и тројца со лесно клиничка слика.

Во последниве 24 часа детектирани се 29 нови случаи и во овој период има пет смртни случаи во земјава како последица на коронавирусот. Во овој период, направени биле 386 тестови.

Досега во земјава извршени се вкупно 5 879 тестирања. Вкупната бројка на заболени изнесува 599, од кои 30 се излечени, а има 26 смртни случаи.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...