14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСтапката на смртност од коронавирус во Македонија е 4,86%, во Италија 12,7%,...

Стапката на смртност од коронавирус во Македонија е 4,86%, во Италија 12,7%, а во Германија 1,91%

Ако се земе предвид методологијата во која бројот на починати се прикажува како дел од еден милион жители, Македонија има 15 починати на еден милион жители, што е повеќе од сите пет соседни држави. Следуваат Грција и Албанија со по 8 починати на еден милион жители, па Србија со 7, Бугарија со 3 и Косово со 2,5 смртни случаи на еден милион жители

 

Во соседството, најниска стапка на смртност, според официјално пријавените податоци и како сооднос на бројот на починати и бројот на вкупно заразени, има Србија – 2,44%, а највисока Албанија – 5,5%
Според другата методологија – број на починати на еден милион жители, Македонија има 15 починати на еден милион, Србија 8, Италија 292, а Шпанија – 314 починати на еден милион жители
Стапката на смртност од ковид-19 во Македонија, заклучно со денеска, изнесува 4,86%. Ова е соодносот меѓу бројот на смртни случаи, вкупно 30 со денешните три, и бројот на регистрирани заразени, вкупно 617, со денешните 18 нови.

Во земјите од соседството, најниска стапка на смртност, според официјално достапните податоци, има Србија – 2,44% (65 починати/2666 заразени). Следува Косово со 2,71% (5 починати/184 заразени), па Бугарија со стапка на смртност од 4,04% (24 починати/593 заразени), Грција со 4,4% (83 починати/1884 заразени) и Албанија со највисока стапка – 5,5% (22 починати/400 заразени).

Пишува 360 степени.

.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...