15 C
Ohrid
четврток, септември 24, 2020
Почетна Македонија Венко Филипче ги охрабрува фризерските салони да започнат со работа, забраната за...

Венко Филипче ги охрабрува фризерските салони да започнат со работа, забраната за нив не важеше, тие самоиницијативно не работаа.

Translate (Eng):[gtranslate]

Фризерските и козметичките салони смеат да работат иако имаат блиски контакти со граѓаните кои ги посетуваат. Во мерките кои Владата ги донесе за заштита од ширење на вирусот КОВИД-19, за овие дејности нема забрана за работа. Во Скопје дел од салоните самоиницијативно се затворени, но дел работат.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната редовна прес-конференција одговарајќи на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто кога веќе се воведуваат рестриктивни мерки, со нив не се опфатени и фризерниците, кажа дека сите фирми и салони кои се отворени мора да ги почитуваат препораките за заштита.

„Кај сите институции, компании, салони или други мали фирми коишто работат има препораки како да се организира работниот процес, во однос на дистанца и користење на заштитни матријали. Ова се однесува на сите вклучувајќи ги и салоните кои се во функција. Во производстените капацитети дадовме препорки во однос на бројот на работници, така да има соодветни мерки за сите приватни компании кои работат“, рече министерот Филипче.

РЕКЛАМА
- Реклами -