10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаТимотеј: Државата забрани да се оди во црква за Велигден, а половина...

Тимотеј: Државата забрани да се оди во црква за Велигден, а половина буџет на МПЦ и е од тој празник.

Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј, вели дека половина од приходите на црквите и на манастирите на МПЦ се од Велигден и дека тие сериозно се погодени од кризата. Сепак, тој најави дека за празникот ќе опстојат на одлуката да се почитуваат мерките за справување со епидемијата од корона вирусот и нема да организираат масовни литургии, туку само во најтесен круг.

„Ние препорачуваме за Велигден најтесен круг луѓе, но доколку некој не сака да го почитува тоа, ние нема да изигруваме полицајци и да бркаме некого од црквите. Црквите ќе бидат отворени за тесен круг луѓе, а во 12 часот, и да сака народот да дојде, ќе се соочи со прекршување на полицискиот час. Тоа е ред и поредок што го наметнува државата, не го наметнуваме ние. Ние само ги почитуваме препораките на стручните луѓе за заштита од епидемијата на сите и нас самите“, вели владиката Тимотеј за „Независен“.

Според него, црквите ќе бидат отворени во четврток и во петок додека не почне полицискиот час, а потоа ќе бидат затворени.

„За кого да бидат отворени? Ангелите немаат нозе и тело за да дојдат, тие се духови“, вели Тимотеј, додавајќи дека и да сакаат, додека трае полицискиот час не можат да ги отворат црквите.

Тој сепак не ја исклучи можноста некои цркви, кои имаат такви можности, да ги снимаат и пренесуваат литургиите, меѓудругото и преку локалните медиуми, но според него МПЦ не е организирана до таа димензија за да може да го прави тоа насекаде.

 

Извор: Независен Весник

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...