9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСе бара 2.000 евра казна за скопјанецот кој се шетал низ Охрид...

Се бара 2.000 евра казна за скопјанецот кој се шетал низ Охрид иако знаел дека е позитивен на Ковид-19

spot_imgspot_img

За заразениот скопјанец кој викна оператори да му местат кабелска се бара казна од 2. 000 евра.

Охридското обвинителство бара казна од 2 000 евра за 43-годишниот скопјанец, кој во својот стан во Охрид викнал вработени од кабелски оператор да му местат телевизија и интернет.

Обвинетиот на 13 март дошол во земјава од Австралија и заминал во станот во Охрид за да седи во изолација.

„Иако знаел дека е должен да се самоизолира, истиот ден се јавил во кабелски оператор и побарал во станот во кој престојувал да му монтираат кабелска телевизија и интернет. Притоа остварил личен контакт со тројца вработени во кабелскиот оператор, кои ги повикал и ги примил во просторијата во која престојувал, без да ги извести дека е во задолжителна самоизолација и без да носи заштитна маска и ракавици“,

соопштија од охридското обвинителство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...