6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаТимотеј: Кризата ги погоди и свештениците, не смее нивните трпези за Велигден...

Тимотеј: Кризата ги погоди и свештениците, не смее нивните трпези за Велигден да се празни.

Половина од приходите на црквите и на манастирите на МПЦ се од Велигден и тие сериозно се погодени од кризата, но ќе се воздржат од масовни церемонии, вели во интервју за порталот Независен, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј.

– Ние препорачуваме за Велигден најтесен круг на луѓе, но доколку некој не сака да го почитува тоа, ние нема да изигруваме полицајци и да бркаме некого од црквите.

На прашањето дали МПЦ ќе бара финансиска поддршка од државата, како што вчера побара реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, владиката Тимотеј вели дека за тоа сѐ уште не се разговарало ниту во Светиот архиерејски синод, ниту со Владата, но не ја исклучува таа можност.

– Ќе видиме дали има можности за тоа и какви се. И свештениците се оштетени, а Велигден е, празник над празниците, не можат тие да останат со празни трпези – вели Тимотеј.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...