0.6 C
Ohrid
вторник, декември 1, 2020
Почетна Македонија Затвореник јадел живи компири, па лажирал дека има температура од коронавирус

Затвореник јадел живи компири, па лажирал дека има температура од коронавирус

Translate (Eng):[gtranslate]

Три лица кои се екстрадирани по претходно објавена потреница, заршија во карантински затвор на државната клиника во Скопје.

Еден од нив е од Загреб и се вратил со авион на Визаир, направен му е тест на аеродром и тој е негативен на коронавирус другиот пак е екстрадиран од Грција. Ќе останат 14 дена во карантин, а потоа ќе бидат пренесени во затворот „Идризово“.

„Ги чуваме во самоизолација 14 дена, ги пријавуваме во Јавно здравје и се следи здравјето постојано на новодојдените затвореници. По 14 дена во соработка со Здравствен дом и Јавно здравје ги вклопуваме заедно со останатите затвореници“, вели Боби Мојсовски.

РЕКЛАМА

Затвореници во „Идризово“ ја искористувале пандемијата на коронавиурс за олеснување на нивната положба. Па така еден затвореник од Гостивар, јадел живи компири за да има покачена температура, дознава ТВ21. Тоа и му успеално, добил покачена температура, докторите му направиле и тест за коронавирус кој истиот бил негативен, но сепак ќе остане во самоизолација, а медицинските лица подоцна ја откриле и причината за покачената температура.

Во затворот донесена е и забрана за посети, а укинати се и слободните викенди. Зголемено е нивото на хигиена, набавени се средства за дезинфекција.

- Реклами -