6.8 C
Ohrid
сабота, ноември 28, 2020
Почетна Свет Затворениците во работна акција: Се прават ковчези за починатите во Еквадор

Затворениците во работна акција: Се прават ковчези за починатите во Еквадор

Translate (Eng):[gtranslate]

Стотици затвореници во Еквадор почнаа да прават ковчези за да помогнат во покривањето на недостигот на ковчези во Гвајакил, најголемиот град во земјата и епицентар на пандемијата на вирусот.

Затворениците во Амбат, град јужно од главниот град Кито, ковчезите ќе ги изработуваат од дрво запленето од претставниците на животната средина, како дел од борбата против уништувањето на шумите.

Испораката во провинцијата Гвајас, во која има околу 68 проценти од вкупно заразените, е предвидена да започне следната недела, пренесува „Ројтерс“.

РЕКЛАМА

„Министерството за заштита на животната средина донираше дрво, кое ќе се користи за други благородни цели: Дајте им дрвени ковчези на семејства кои изгубиле некој близок“, рече министерот за животна средина на Еквадор.

Во Еквадор, 4.965 луѓе се заразени со вирусот, додека 272 починаа.

Претседателот Ленин Морено предупреди дека бројот на смртни случаи од коронавирус во провинцијата Гвајас може да се зголеми на 3.500.

- Реклами -