5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветСрпскиот митрополит Амфилохије- Обвинет е дека ги прекршил мерките против коронавирусот

Српскиот митрополит Амфилохије- Обвинет е дека ги прекршил мерките против коронавирусот

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, кој е поглавар на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора, пред два дена бил приведен во центарот за безбедност во Подгорица.

Како што информираат српските медиуми, митрополитот бил приведен по неговата служба во црква во населбата Златица во Подгорица.

Амфилохије и неколку свештеници биле приведени бидејки организирале собир пред верскиот објект и покрај забраната за собирање и мерките воведени поради епидемијата на коронавирусот

По краткиот информативен разговор, Амфилохие и свештениците на СПЦ биле пуштени на слобода, а за натамошни санкции ќе одлучува државното обвинителство, соопштија црногорските власти.

Како дел од коментарите за приведувањето на Амфилохије се и тврдењето дека се работи за демонстрација на моќ на државата Црна Гора која почнува да го применува Законот за слободата на вероисповед“, спорна одредба која извади илјадници српски верници на улиците на црногорските градови, оневозможувајки ги намерите на Подгорица да го спроведат. Голем број на критиките упатуваат и дека волкав број на апсења на свештеници немало ниту за време на комунизмот .

Прочитајте и… Во црква во Сплит нападната новинарка додека снимала миса, полицијата приведе двајца
Од почетокот на годината, Српската православна црква редовно организира протести во црногорските градови поради спорниот Закон за вероисповед.

Законот од декември минатата година бара сите верски заедници кои делуваат во земјата да се регистрираат и да ја докажат сопственоста над имотот што го поседувале и пред 1918 година, кога Црна Гора била присоединета кон Кралството Србија.

Српската православна црква инсистира на тоа дека целта на таквата регистрација е нејзино понижување и дека владата се обидува да го експроприра нејзиниот средновековен имот, вклучително и цркви, манастири и земјиште.

Од друга страна, црногорските властите тврдат дека законот има намера да ја доведе во ред евиденцијата на имотот на верските заедници.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...