8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЏафери: За Велигденските празници да се молите за здравствените работници

Џафери: За Велигденските празници да се молите за здравствените работници

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на сите верници од католичка вероисповед им го честита големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден посакувајќи им добро здравје, во време на вонредна состојба во нашата земја и во светот.

„Оваа годинa е необична по тоа што и добрите и лошите мигови кои ги носи секојдневието, ги поминуваме во кругот на најтесното семејство, некој дури далеку и од нив, меѓутоа, секако не далеку од срцата. Бидете трпеливи и храбри, ќе го пребродиме и ова. Важно е да имаме добри мисли, мисли на солидарност и разбирање кон нашите блиски и далечни семејства, кон нашите соседи, пријатели и соработници“, се вели во честитката на Џафери.

Тој посочува дека во овие кризни времиња важно е да ги храбриме и да се молиме за добро здравје и сила на нашите здравствени работници кои се исправени пред овој голем предизвик.

„Ви посакувам празничниот дух да го исполни Вашиот дом и да Ви даде леснотија во пребродување на овие денови. Ви посакувам да поминете убави празнични денови во Вашите домови, прославувајќи го Велигден, празникот на животот со полни срца надеж и верба“, порачива претседателот на собранието во честитката до верниците од католичка вероисповед.

макфакс

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...