11.7 C
Ohrid
сабота, септември 26, 2020
Почетна Свет Виетнам: 95 милиони жители, 262 заразени со Ковид-19 и ниту еден починат...

Виетнам: 95 милиони жители, 262 заразени со Ковид-19 и ниту еден починат – пофалби од СЗО

Translate (Eng):[gtranslate]

Иако граничи со Кина, Виетнам со благовремени и одлучни мерки, како масовно тестирање, строг карантин и општествено единство, засега ја избегнува состојбата во која со коронавирусот се најдоа Европа и САД. Виетнам за тоа доби пофалби и од Светската здравствена организација и може да служи како пример за држава која успешно се бори со панедмијата, пренесува Хина.

Бројот на заразени во таа азиска земја со 95 милиони жители е 262, а досега нема ниту еден починат. Во моментот во Виетнам во карантин или изолација се 75.000 луѓе, а досега биле спроведени повеќе од 120.000 тестирања. Во таа комунистичка земја првата процена на ризикот се случила веднаш штом биле пријавени првите заболени од корона во Кина, по што почнале мерките. Иако има исклучително мал број заразени, во цела држава од 1 април е воведен карантин.

Генералниот секретар на виетнамската Комунистичка партија неодамна борбата против коронавирусот ја прогласи за „пролетна општа офанзива 2020“, алудирајќи на офанзивата од 1968 година која тогаш резултирала со повлекување на американската војска.

РЕКЛАМА

ММС

- Реклами -