8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаБорисов: Газдите во Бугарија возат Бугати, Ролс Ројс, Ферари, Мајбах, Ламбурџини а...

Борисов: Газдите во Бугарија возат Бугати, Ролс Ројс, Ферари, Мајбах, Ламбурџини а сакаат да бркаат работници!

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди бугарската економија и се проценува дека околу 70 илјади луѓе веќе ги загубиле работните места.

Економијата на соседна Бугарија поради пандемијата се најде на голем удар, а премиерот Бојко Борисов уште минатиот месец ги повика сопствениците на големите компании да ги продадат своите луксузни автомобили и јахти, наместо да бркаат работници и да бараат државна помош.

Според Борисов, доколку газдите на компаниите во земјата можат да возат луксузни автомобили, тогаш сигурно оваа криза нема да претставува проблем за нив. Бугарскиот премиер дури и прочита листа на луксузни автомобили кои се возат во државата и ја шокираше нацијата.

„Денес во сиромашната Бугарија има три Бугати автомобили како што вози Роналдо“, изјави Борисов и додаде: „Има 241 Бентли, 123 Ферари, 54 Мајбах, 22 Мекларен, 87 Ламборџини, 311 Масерати, 84 Ролс Ројс, речиси 4000 Јагуари и речиси 5000 Порше автомобили“.

Според Борисов, ако бизнисмените сакале да ги задоволат своите вработени, можеле да намалат од 80-те Ролс Ројс луксузни автомобили.

Бугарскиот премиер го објави списокот по средбата која ја имаше со организациите на тамошните работодавачи, на која тие побарале зголемување на државната помош за справување со кризата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...