9.4 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаКороната почна да делува во Македонија: Двајца го сечеле со жилет другите...

Короната почна да делува во Македонија: Двајца го сечеле со жилет другите им фрлале сол на раните и парфем.

spot_imgspot_img

Двајца мажи за да изнудат пари од трето лице, го затвориле во стан во Скопје каде го измачувале тепајќи го со чекан, а го сечеле со нож и жилет и на раните му ставале сол и парфем. Ова преку видеоповик им го пуштале на домаќините на измачуваното лице, барајќи им да донесат 1.600 евра како прва рата од вкупно 40.000 евра, соопшти Основното јавно обвинителство од Битола.

Обвинителството вели дека настанот се случил во периодот од 13 до 15 декември лани, а денес е поднесен Обвинителен акт против двете лица за сторено кривично дело изнуда. Еден од обвинетите се товари и за сторено кривично дело лажно пријавување, зашто пријавил како него да му се случило насилството.

„Обвинетите го држеле оштетениот затворен во стан во Скопје каде со употреба на сила го соблекле гол од половина нагоре, го тепале со тупаници по главата и телото, го удирале со тапиот дел од чекан и со метална шипка по главата, го пресекле со нож на левата рака и со жилет по грбот, по што му ставале сол и парфем на раните. Обвинетите на жртвата ѝ нанеле тешки телесни повреди изразени како нагмечување, скршеници и крвна подлиеност во пределот на главата и телото. Обвинетите воспоставиле со родителите на жртвата телефонска комуникација од телефонот на оштетениот, а потоа и видеоповик за време на кој повторно го тепале видно повредениот“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Со ова, тие ги присилиле родителите на оштетениот да им дадат 1.600 евра, како прв дел од вкупно 40.000 евра. Мајката на оштетениот ги донела побараните пари во Скопје и како што ѝ било кажано, ги оставила во паркираното возило на нејзиниот син.

По насилството и откако успеале да ги земат парите, едниот од насилниците на 15 декември лани во просториите на СВР Битола лажно пријавил дека спрема него како оштетен е сторено кривично дело разбојништво и кривично дело противправно лишување од слобода. Тој излажал дека помеѓу 12 и 15 декември 2019 бил жртва на двете кривични дела извршени наводно од првообвинетиот и уште две лица, иако знаел дека такви кривични дела не биле сторени спрема него, туку дека во тој период, самиот тој заедно со првообвинетиот учествувале во насилството.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до судот денеска достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор, сметајќи дека ако обвинетите се на слобода ќе имаат непречена можност да го попречуваат водењето на кривичната постапка и утврдувањето на фактичката состојба со влијание врз сведоците, дека постои можност да го повторат кривичното дело, како и да избегаат.

Извор:SDK.MK

Ж. ЗДРАВКОВСКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...