6.8 C
Ohrid
сабота, ноември 28, 2020
Почетна Македонија Архиепископот г.г. Стефан: За Велигден молете се во своите домoви и срца

Архиепископот г.г. Стефан: За Велигден молете се во своите домoви и срца

Translate (Eng):[gtranslate]

На нашите верници им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите. Им препорачуваме да се молат во своите домови и срца, за Бог да нè избави од оваа опасна болест, порача поглаварот на МПЦ-ОА архиепоскопот г.г Стефан во Велигденското послание.

Обраќајќи се во име на Синодот до верниците и до свештенството, тој потенцира дека се поминува низ еден период кој од нас бара послушност и воздржување.

-Појавата на корона – вирусот во светот, а воедно и во нашава земја, нè натера да внимаваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни. Затоа, да се придржуваме по советите и мерките изречени од надлежните институции, и сите заедно да придонесеме да се намали и спречи ширењето на заразата. Да се молиме и за медицинските лица, полицијата и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата. Да се молиме за заболените да оздрават, како и за спасение на душите на оние кои не ја добија битката со болеста, потенцира тој.

РЕКЛАМА

Во Посланието тој порачува искушенијата што нè снајдоа да послужат за утврдување во верата и за духовно напредување.

-Сè е возможно за оние што веруваат, зашто Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија. Воскреснатиот Спасител е лекарот на душите и телата, и Тој лекува и обновува, ја осветува и ја вознесува човечката природа. Затоа, и не само во овие празнични денови, туку постојано и насекаде да ја живееме светоста на нашата христијанска вера, на верата што го победи светот. Да ја споделиме со сите радоста на Воскресението на вечниот лечител, и никогаш да не заборавиме на тоа дека колку сме поблиски до Бога, толку и Бог ќе биде близу до нас!, нагласува архиепископот Стефан.

- Реклами -