19 C
Ohrid
понеделник, септември 28, 2020
Почетна Македонија Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се...

Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него,

Translate (Eng):[gtranslate]

Исус немал слуги, но сепак го викале
Господар,
Тој немал диплома,сепак го викале
Учител,
Тој немал лекови,сепак го викале
Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се
плашеле од Него,
Тој не освојувал воени битки ,сепак
Го освоил светот,
Тој не направил ниедно
злодело,сепак го распнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој
живее денес…


Апостол Лука е еден од четирите евангелисти чии дела денеска се наоѓаат во Новиот Завет. Според едни, тој им припаѓал на Дванаесет апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во Седумдесет апостоли. По Христовото воскресение, апостол Лука напишал Евангелие за животот и делото на Исус, па главно поради ова тој е познат ѝ како Евангелист.

Се смета дека Лука бил по националност Грк, роден во Антиохија. Во младоста се занимавал со изучување на старогрчката филозофија, медицина и иконопис. Според теоријата, Апостол Лука бил оној кој го повикал на Апостол Павле да дојде во Македонија. Се смета дека тој бил првиот кој ги насликал иконите на Исус Христос, Пресвета Богородица и на апостолите Петар и Павле. Апостол Лука се смета за основоположник на христијанскиот иконопис.

РЕКЛАМА

По смртта на апостол Павле тој заминал да го проповеда Евангелието во Италија, Далмација и Македонија.

Свети Луука го напишал третото Евангелие од Новиот Завет. Во преден план, евангелието на Лука било наменето за христијанските заедници, кои се состоеле претежно од луѓе кои претходно верувле во паганските обичаи или пак евреи. Некои редови од евангелието, како Parable of the Prodigal Son и Parable of the Good Samaritan се споменуваат само во ова евангелие. Исто така, ова евангелие дава посебен акцент на молитвата, улогата на Светиот Дух.[2]Освен ова евангелие, се смета дека апостол Лука ги напишал и Апостолските дела.[3]Всушност, Делата на светите апостоли и Евангелието на Лука во некои изданија на Библијата биле претставени како една книга.[4]

Апостол Лука доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на императорот Константин Велики било пренесено во Константинопол и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј.

- Реклами -