5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаБез никакви симптоми на болеста почина 23 годишно момче во затворот...

Без никакви симптоми на болеста почина 23 годишно момче во затворот Шутка,

Почина 23 годишен притвореник од Гостивар во затворот во Шутка.

Ова за Телма го потврди директорт на затворот, Есад Рахиќ, кој вели дека претпладнето момчето било на редовна прошетка во дворот од затворот.

Кога се вратил во ќелијата, неговиот цимер имал посета од затворските стражари кои разговарале и со момчето и немало ништо сомнително ниту пак тој се пожалил на здравствени проблеми.

Во 16 часот биле повторно повикани откако притвореникот не можел да се разбуди од спиење.

Рахиќ ги демантира дел од објавите во некои медиуми, кои го поврзуваат со случајот од пред една недела кога исто така почина притвореник а подоцна се утврди дека бил позитивен на корона вирус.

Вели дека телото е предадено на обдукција и очекува таа да ги открие причините за смртта.

Инаку, во затворот се правени брзи тестови и на вработени и на притвореници кои би можеле да бидат во некаква комуникација со претходно починатиот и засега нема ниту еден позитивен на Ковид 19.

Починатото момче било во притвор од 18-ти декември.Затвор Шутка“ - подобро затвореник, отколку притвореник! | МКД.мк

Извор: Телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...