9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветЈапонија го зголеми производството на таблети за лечење на Ковид-19, лекот ќе...

Јапонија го зголеми производството на таблети за лечење на Ковид-19, лекот ќе го добијат 20 земји бесплатно.

Јапонската корпорација „Фуџифилм“ денеска соопшти дека го зголемила производството на лекот Avigan, кој инаку се користи портив грип, а тестиран е за време на лечење на респираторните инфекции предизвикани од новиот коронавирус.

Како што наведуваат, целта е до септември да се обезбеди доволна количина на лекот за лечење до 300.000 пациенти месечно.

Лекот моментално клинички се тестира во Јапонија, како можен лек за Ковид-19, после една кинеска студија која покажа дека лекот е ефикасен во лечење на пациентите.

Доколку ефикасноста и безбедноста на лекот Avigan се потврдат во клиничкото тестирање кое почна на 31-ви март, јапонската влада најверојатно ќе одобри користење на лекот за лечење на пациенти со Ковид-19.

Инаку, и други влади покажаа интерес за лекот, така што владата на Јапонија планира да обезбеди Avigan за 20 земји и тоа бесплатно.

Сепак, бидејќи се смета дека Avigan, познат и како Favipiravir, може да предизвика дефекти кај децата за време на породувањето, не можат да го користат трудници или жени кои можеби се бремени.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...