6.7 C
Ohrid
сабота, декември 5, 2020
Почетна Македонија Марковски: Мерките треба да се прекинат и да се оди на колективен...

Марковски: Мерките треба да се прекинат и да се оди на колективен имунитет, не сме ние заложници па ќе се криеме…

Translate (Eng):[gtranslate]

Да се олабават мерките и граѓаните послободно да живеат за да се навикнеме на болеста па и да стекнеме колективен имунитет, вели енфектологот професор Вело Марковски во синоќешното гостување на ТВ 24. Според него, сега треба да не сме заложници на овој вирус, да живееме нормално.

„Кога завршува една епидемија со грип или со некоја друга респираторна инфекција? Кога ќе имаме доволно популација која ќе има антитела, која го прележала. Значи, кога ќе почнат да се судираат новоинфицирани кога ќе треба да го пренесат причинителот на друг, тој веќе е отпорен или не му го зема и тогаш таа епидемија завршува. Сега може да се најдеме во состојба предолго да седиме, та дури и тие што го прележале да ги изгубат тие заштитни имуноглобулини и евентуално наесен повторно ни се врати вирусот и да биде повирулентен и да има пошироки размери, вели Марковски.

РЕКЛАМА
- Реклами -