8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМанчевски: Планот ни е до 2023 година Скопје да биде покриени со...

Манчевски: Планот ни е до 2023 година Скопје да биде покриени со 5Г сигнал, а до 2025 цела Македонија.

spot_imgspot_img

Министерот за информатичко општество и администрација и електроинженер Дамјан Манчевски, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за 5Г мрежата и планот за воведување на оваа технологија во нашата земја.

„Планот е кај нас до 2023 година со 5Г сигнал да биде покриен еден од поголемите градови, до 2025 година да бидат покриени сите градови, до 2027 година секој граѓанин да има можност за пристап на мобилен приклучок со брзина поголема од 100 мегабита во секунда, односно прилично брз мобилен интернет. Ова се нашите таргети, но ова е веќе кај нас и на ниво на законска регулатива. Ова значи дека регулаторот, АЕК, ќе треба согласно овие рокови, да врши подготовки и да распишува огласи за евентуално пројавен интерес од страна на некој оператор за користење на фрекфенции во коишто работат 5Г мрежите“,

вели Манчевски.
Тој вели дека планот е на крајот на оваа година да се распише оглас за распределување на фрекфенции на кој ќе можат да се пријават оператори.

„Граѓаните треба да бидат безбедни и сигурни дека ги следиме истражувањата, светските трендови и се она што се случува. СЗО нема издадено ниту еден доказ за штетност на овие мрежи. Ќе ги почекаме и новите истражувања, ќе видиме што тие ќе кажат. Ние сме цело време изложени на различни видови на радиобранови, различни видови на зрачење – од радио сигнали, телевизиски, мобилни мрежи, што се не, а животниот век на луѓето денес споредено со животниот век на луѓето кога не постоеа никакви радиобранови, електромагнетни зрачења е поголем. Денеска имаме подолг животен век. Јас сум лаик, не сум здравствен експерт, но очигледно е дека овие радиомагнетни зрачења не влијаат толку драмaтично, барем за да може да влијаат на човековиот животен век“,

вели Манчевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...