11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНашиот охридски херој Марко добитник на светската награда за млад хуманист

Нашиот охридски херој Марко добитник на светската награда за млад хуманист

Го нарекуваа „Херојот на Охрид“, откако во 2018 година за 9 часа го преплива Охридското езеро. Следната година, Марко порасна во херојот на Македонија, кога пред себе постави невообичена цел, да преплива 64 км долж Охридското езеро со цел а ја подигне свеста за лицата со ретки болести.

Иако поради болки кои се појавија како резултат на болеста, инфаркт на долните екстремитети, по препливани 12 километри, Марко мораше да го прекине остварувањето на предизвикот кој си го постави пред себе, сепак тој успеа да ја долови секојдневната битка и предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести.

Токму поради исклучителната сила на неговиот карактер, Алфа телевизија, одлучи да го номинира Марко Пејчиновски за „Светската награда за млад хуманист“, а членовите на интернационалното жири едногласно одлучија ова признание да му биде доделено нему.

Исклучителната сила на неговиот карактер, неговата моќ да ја сподели љубовта со сие што страдаат, беше основната причина на нашата определба да му го доделиме ова високо меѓународно признание. Неговата воља за победа над ретките болести и хендикепот на тие што се вклучени во битката за здравје, е исклучителна чест што треба да биде признаена во македонското општество, и нашето Интернационално жири се приклучува во тој голем морален чин. Доделувајќи му го ова признание, Интернационалното жири на „Светската награда за млад хуманист“ го одбележува и со специјалната назнака дека Марко Пејчиновски е всушност интернационална млада надеж за 2020 година.

Младиот хуманист, испрати силна порака, а не мотивира и сите нас, да се приклучиме кон неговата битка и како што вели самиот Марко: Никогаш да не се откажуваме.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...