11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПрилепчани на сред пат поставиле маса, па со нож ги бркале сите...

Прилепчани на сред пат поставиле маса, па со нож ги бркале сите што ќе му кажеле да се тргнат од патот.

spot_imgspot_img

Во СВР Битола синоќа во 21,00 часот З.И. (39) од Прилеп, пријавил дека истиот ден додека заедно со неговиот татко В.И. (66) од Прилеп, се движеле со возило од село Тројкрсти кон Прилеп, на патот наишле на паркирано патничко моторно возило „фолксваген голф“ при што на самиот пат имало поставено маса на која седеле две лица кои конзумирале алкохол.

Како што соопшти денеска МВР, З.И. ги замолил да го тргнат возилото со цел да можат да поминат, но истите одбиле да го тргнат возилото .

– Тогаш В.И му рекол на својот син да повика полиција, но во тој момент лицата физички ги нападнале при што на В.И му нанале видливи повреди во пределот на главата.Едното лице му го зел телефонот на З.И. а другото лице зело од масата нож и почнало да трча кон него, по што тој почнал да бега. Двете лица повторно го нападнале В.И. удирајќи го насекаде и цело време замавнувале со ножот со цел да го повредат. По кратко време З.И. и В.И. успеале да побегнат кон селото Тројкрсти и настанот го пријавиле во полиција, стои во соопштението од МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...