14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридНа ден Велигден, во 1810 година, градот Охрид вака се борел против...

На ден Велигден, во 1810 година, градот Охрид вака се борел против Чумата.

Запис за чумата во Охрид во 1810 година и за карантинот воведен од бегот:

„Во феруари 1810 година, кога фати во Охрид чумата, прво натежна во куќата Руменческа и сетне се разнесе по сите куќи.

На 25 март се затворија сите варошки порти. Тогаш коџобашијата напрафи тефтер за сите варошки куќи. Господарката тогаш беше во Јанино и бидејќи чумата од ден на ден се повеќе се ширеше, кога господарката си дојде во Охрид, замина за Свети Наум за да види што да стори. Таму седеше осум дни. Одбраните луѓе тогаш напишаа писмо писмо и го пуштија Васил од с… да каже на бегот дека чумата уште коси.

Господарката на самиот ден Велигден дојде во Охрид и побара од варошаните да се веселат. И навистина, Ромеите (христијаните, н.з.) се развеселија. На Долна порта имаше една мала дупка под самата порта, па низ нејзе, сите тие што беа од надвор, земаа се што им требаше од внатре. Во саботата на Велигден (Велика сабота, н.з.) дојде бегот од Јанина и издаде остри повелби и распоредувања, и тоа не само за Ромеите, туку и на Турците: никој да не излегува нљдвор од градот без бегова дозвола.

Тогаш Турците не можеа да одат по селата, ниту по своите чифлизи. Граѓаните не можеа да си купат дрва, а пак селаните печеа леб без сол, зашто бегот постави чувари – да не се мешаат едни со други. Келепурџиите тогаш лошо поминаа, а пак, какви маки се истргаа вантре во градот, не може да се опише.“

Денешен Весник

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...