6 C
Ohrid
петок, октомври 23, 2020
Почетна Македонија Кој сака да оди на одмор во Грција ова лето ќе мора...

Кој сака да оди на одмор во Грција ова лето ќе мора да извади здравствен пасош.

Translate (Eng):[gtranslate]

Здравствен пасош“ е една од методологиите за безбеден влез во земјата, што би можела да се воведе за време на туристичката сезона за патување во Грција, односно туристите да се тестираат за Ковид-19 пред да влезат во авион, во нивните матични земји, според Министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, Теохарис рече дека една од методологиите е да се прават тестови на оние кои што доаѓаат, а за да го објасни процесот го употреби терминот „здравствен пасош“, што во пракса би значело турист од Германија да се тестира во Германија за Ковид-19 пред да пристигне во Грција.

Меѓутоа, министерот за туризам истакна дека потребно е, а и лично тој притиска Европската унија и Европската комисија, да постои заеднички европски разговор и договор за некој вид на протоколи.

РЕКЛАМА

-Ако се согласиме сите, тогаш може тестовите да бидат при влезот, пристигнувајќи на аеродромите и така да имаме многу подобра методологија и помалку проблеми, рече Министерот за туризам на Грција, но истакна дека секако ова е сложено бидејќи „едно е на аеродромите, друго на копнените граници, друго на пристаништата, но во секој случај треба да се најдат реални начин на функционирање.“

Според надлежниот министер, целта на Грција е да се отворат „портите за влез во земјата“, бидејќи како што објасни, туризмот е важен дел од економијата и додаде дека почетно, се фокусираат на јули, август и септември, а долгорочно и на септември и октомври.

Објасни дека постои интерес од странство, повеќе нема откажувања на аранжмани, а тие како Министерство се во континуиран контакт со големите тур оператори за да се наполнат големите хотели.

-Она што очекуваат тур операторите е да се договориме околу здравствените процедури, кои ќе бидат тие, за да можеме да создадеме доверба кај гостите, кај посетителите, од една страна, а од друга страна да соопштиме јасен временски период, за кој сме во разговори и со Националната организација за јавно здравје за кога ќе започне соопштувањето на конкретниот временски рок, да можеме да одредиме и конкретен датум за отворање на сезонските хотели, објасни Теохарис.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека туризмот е „едно многу сложено прашање“, за кое е потребно да се најде решение за низа аспекти, како што е на пример транспортот и додаде дека и за оваа тема, како и за останатите што се дел од владиниот план за постепено враќање во нормала, следната седмица, грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис ќе ги информира граѓаните.

Facebook163TwitterEmail

- Реклами -