10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Северна Македонија се справува одлично со короната, ајде за брзо ќе...

Заев: Северна Македонија се справува одлично со короната, ајде за брзо ќе одиме и на избори.

Нека заврши кризата, па ќе размислуваме за изборите, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за хрватски Вечерњи лист.

-Со два клучни стратешки приоритети, членството во НАТО и одлуката за преговори со ЕУ, со сите економски резултати од изминатите две и пол години, СДСМ е фаворит на изборите. Сите релевантни истражувања од реномирани домашни и меѓународни агенции покажуваат сериозна предност на СДСМ во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните точно знаат како да прават разлика помеѓу оние кои работат за нивните интереси и оние што го следат популизмот и политиката, така што нема страв од пораз. За само две и пол години, постигнавме клучни достигнувања дома и во странство. Станавме 30-та членка на НАТО, започнуваме преговори со ЕУ, ја стабилизиравме економијата и ја ставивме на добра основа – рече Заев.

Тој додава дека изборите биле одложени поради пендемијата предизвикана од корона вирусот, со што, според него, државата добро се справува.

-Имавме техничка влада која требаше да одржи избори на 12 април. Ситуацијата бараше брза реакција и одлуки кои се во интерес на најскапата работа, здравјето на граѓаните. Нашата земја реагираше навремено и соодветно, многу подобро од некои европски земји и веднаш, на самиот почеток, презеде соодветни мерки за да ги заштити своите граѓани. Јас бев првиот што побарав да се прогласи вонредна состојба, така што техничката влада би можела да дејствува подобро и побрзо, подобро да се справи со кризата и брзо да се спречи ширењето на вирусот. Сите наши сили биле и сè уште се фокусирани на борбата против коронавирусот. Првичните резултати се видливи, здравствениот систем добро се справува со кризата – истакна лидерот на СДСМ.

фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...