6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонија''Покрај ороводецот во Гевгелија, полицијата поднесе кривична и кон гајдаџијата, тапанџијата и...

”Покрај ороводецот во Гевгелија, полицијата поднесе кривична и кон гајдаџијата, тапанџијата и кон 18 други веселјаци”

Играорците во Гевгелија почнаа со правото но завршија со ”тешкото”.

Граѓаните од Гевгелија кои за време на полициски час го славеа Велигден со оро на улица се соочуваат со кривична одговорност. Доколку се утврди нивната вина ќе бидат казнети парично или со казна затвор до една година. На овој случај координирано работат гевгелиското јавно обвинителство и полицијата. Во моментов во тек е идентификацијата на лицата од снимката која беше објавена на социјалните мрежи по што најверојатно ќе следуваат кривични пријави.

„Министерството за внатрешни работи, СВР Струмица, ОВР Гевгелија, во текот на денов од веќе идентификуваните 18 лица учесници на настанот, извршија службени разговори со осум лица, а за останатите десет лица разговорите се во тек, достави на покани за разговор во надлежната полициска станица. Исто така, по целосно документирање на настанот против сите инволвирани ке бидат поднесени соодветни казнени пријави, а целокупната постапка е во координација со надлежен обвинител при ОЈО Гевгелија“, рече Хризантема Рендевска- Портпарол на СВР Струмица.

Независно од овој случај во текот на последното деноноќие на подрачјето на СВР Струмица кое ги покрива десетте општини од Југоисточниот регион биле регистрирани 13 лицa кои не ја почитувале забраната за движење. Едно од нив е приведено додека за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Полициските службеници минатото деноноќие правеле контроли и кај лица кои се во изолација и самоизолација, при што не биле констатирани непочитувања на мерката.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...