9.9 C
Ohrid
сабота, март 22, 2025
ПочетнаМакедонијаНамален е фондот за наградната игра „Мој ДДВ, парите ќе се пренасочат...

Намален е фондот за наградната игра „Мој ДДВ, парите ќе се пренасочат за справување со коронавирусот.

spot_img

Над 71 илјади евра се намалува фондот на наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“, согласно со одлуката од денешната седница на Владата. Со оваа одлука се предвидува уплата на средствата во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

<

„Со заклучок на Владата, му се препорачува на АД Државна лотарија средствата во износ од 4.383.410,00 денари да ги уплати на донаторската сметка отворена во рамки на Генералниот секретаријат на Владата, а наменета за донации од правни и физички лица за справување со ковид-19 епидемијата. Владата ги задолжи Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија да склучат анекс на договорот за заедничко организирање на наградната игра „Мој ДДВ, мојаНаграда“ и ја задолжи Државна лотарија да ги измени правилата за приредување на наградната игра, така што ќе направи техничко прилагодување за реализација на одлуката“,

соопштија од Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Младиот херој Јован Костадинов е во добра состојба, за неколку дена ќе биде пуштен од болница

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без размислување неколку пати влегол во големиот пожар во Кочани и успеал да спаси повеќе од 20...

Состојбата се подобрува, Панчо ДНК е вон животна опасност.

По многуте шпекулации околу здравствената состојба на Владимир Блажев - Панчо од ДНК, кој беше меѓу повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,...

Општина Струга најави инспекциски надзори во сите локали

Општина Струга, во периодот што следи ќе иницира координиран инспекциски надзори со сите надлежни инспекциски служби во општина Струга како државни така и општински...

Утре во Солун на плоштадот Аристотел, молк за жртвите во пожарот во Кочани

Утре, сабота, во 12 часот на главниот плоштад во Солун, Аристотел, ќе им се оддаде почит на жртвите кои загинаа во пожарот во Кочани....