8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ бара укинување на покачувањето на акцизата на дизелот СДСМ не се...

ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на покачувањето на акцизата на дизелот СДСМ не се согласува !!!

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, во Собранието на Република Македонија ќе поднесе предлог- закон за намалување на акцизата на дизел горивото. Власта на чело со Зоран Заев ги осиромашува македонските граѓани. Покачувањето на акцизата на дизелот за 3.5 денари е удар по џебот на најсиромашните. Еден просечен граѓанин во просек месечно плаќа 200 денари плус. Односно на годишно ниво само поради покачувањето на акцизата граѓаните плаќаат 2400 денари повеќе, истакна Драган Данев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-Откако власта ја покачи акцизата, цената на дизелот галопирачки се зголемуваше и од 46 денари за литар во времето кога СДСМ ја презеде власта се зголеми на 60 денари. Тоа е покачување за 30%. Имено додека цената на дизелот се зголеми за 30%, платите и стандардот на граѓаните не пораснаа ниту процент. Во изминативе година дена оваа власт само зема од граѓаните. Додека од една страна се фалеа дека со радиодифузната такса кратат од давачките на граѓаните, од друга страна суптилно преку покачувањето на акцизата директно им земаат од џеб и тоа повеќе отколку што се фалеа да им заштедиле со радиодифузната такса, рече Данев и додаде:

„Според податок од ДЗС, во 2015 година, во Република Македонија имало регистрирано 163.038 дизел возила. Доколку таа бројка ја помножиме со 2400 денари, колку впрочем и го чини еден просечен граѓанин покачувањето на акцизата доаѓаме до бројка од 391 милион и 290 илјади денари, односно 6 милиони и 360 илјади евра годишно. Ова е само цената која ќе ја платат граѓаните, додека превозниците и транспортерите ќе ги чини над 32 милиони евра, а индустријата над 5 милиони евра. Самото покачување на акцизата влијаеше и на покачување на автобуските и такси услуги, кои повторно се директно на удар на граѓаните. Трошокот кои директно ќе го платат граѓаните е над 40 милиони евра. Индиректниот трошок многу поголем“.

Токму затоа, подвлече Данев, ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на покачувањето на акцизата, кое го воведе СДСМ, бидејќи ударот по џебот на граѓаните е огромен. Покачената акциза влијае дестимулативно на економијата и го забавува нејзиниот раст.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...