8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветГрција и Албанија договараат отворање на границите за сезонските работници

Грција и Албанија договараат отворање на границите за сезонските работници

Албанија и Грција вчера се договорија да работат на отворање на моментално затворената граница за албанските сезонски работници во грчкиот земјоделски сектор до средината на мај, објави албанскиот премиер Еди Рама.

Рама рече дека разговарал со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за заедничка борба со коронавирусот, заживување на економијата и заедничкиот интерес за сезонска работа.

На грчките земјоделци им требаат 50.000 работници за да го соберат овошјето и зеленчукот во мај. Овие работници инаку доаѓаа од соседните Албанија, Македонија, Романија и Бугарија.

Тирана планира значително да ги олесни своите рестриктивни мерки до средината на мај.

Грчките медиуми јавуваат дека Министерството за земјоделство е загрижено дека затворените граници ќе резултираат во недостиг на работна сила, опаѓање на приносите и огромни загуби за економијата.

Официјална Атина сака да го олесни прекуграничното движење, но исто така да преземе мерки на претпазливост, како што се тестирање и задолжителен карантин, од неколку дена пред да пристигнат работниците на полињата.

Заработувачката на сезонските работници во Грција е исто така клучна за албанската економија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...