9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаШто се случува? Градоначалникот Максим направил уште две тестирања, тестовите се негативни...

Што се случува? Градоначалникот Максим направил уште две тестирања, тестовите се негативни !!

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски направил дополнителни тестирања на корона вирусот заедно со другите членови на неговото семејство и резултатите биле негативни.
Тој денеска се огласи на неговиот фејсбук профил со следната порака:

„Почитувани пријатели, драги граѓани,
– Ви се заблагодарувам од срце на сите пораки со подршка и желби за закрепнување.
Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство.
– Сите тестови се НЕГАТИВНИ
Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под ИТНО да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета.
Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата.
– Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне.
Посакувам брзо закрепнување на сите мои граѓани кои во моментов се борат со болеста а на сите останати да ги почитуваме мерките и да држиме социјална дистанца.“

Со ова се отвора прашањето како е можно еден тест да покаже позитивен резултат, а вториот дополнителен да покаже негативен резултат? Дали станува збор за неточни резултати или во меѓувреме градоначалникот на Куманово го победил вирусот без да успее никој да зарази? Ако е тестовите се лажни, тогаш сите обвинувања и стигматизација на негова сметка се длабока неправда и повреда на неговото човечко достоинство.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...