9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаСвет(Видео) Над Русија леташе икона од Исус голема колку една зграда, со...

(Видео) Над Русија леташе икона од Исус голема колку една зграда, со натпис „Спаси и сочувај!“

Боксерскиот сојуз на Свердловската област пушти во воздух балон со огромна икона на Христос Пантократор и молба „Спаси и сочувај!“
Боксерскиот сојуз на Свердловската област во Русија организираше во Каменск Уралски на втор ден Велигден, во услови на пандемијата на новиот коронавирус, необична акција на пуштање во воздух и лет над овој град на огромен банер со ликот на Исус Христос, закачен на балонот.

Цртежот со големина на деветкатница претставува копија на иконата „Христос Пантократор“ под која е напишано „Спаси и сочувај“. Иако на спортистите првобитната намера им беше да ја изведат акцијата и да им го честитаат најголемиот христијански празник на верниците токму на Велигден, временските прилики не им го дозволија тоа во неделата. Снимката од пуштањето на балонот и летот на огромната копија на иконата Христос Пантократор над уралскиот град ја објави на својата страница на социјалната мрежа „Инстаграм“ претставникот на Боксерскиот сојуз на Русија од Екатеринбург Михаил Кајгородов.

Според пишувањето на „Комсомолскаја правда“, акцијата немала дозвола од локалните власти, но од службата за односи со јавноста на Каменск Уралски велат дека боксерите нема за што да бидат казнети.

Колку за потсетување, на почетокот на овој месец патријархот Московски и на цела Русија Кирил крстосуваше низ Москва со иконата Умиление и со молитва за спас од епидемијата на новиот коронавирус.

Russia Beyond

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...