8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЕвропа мисли на нас: Денес пристигна првите 12 респиратори..

Европа мисли на нас: Денес пристигна првите 12 респиратори..

spot_imgspot_img

Првите 12 респиратори кои се дел од помошта на Европската Унија од четири милиони евра, денеска пристигна во Министерството за здравство.

Помошта ја врачи шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава амбасадорот Самуел Жбогар кој истакна дека ова е првиот пакет од поддршката што Брисел ја најави пред неколку недели, а ќе биде доставена на Клиничкиот центар и Болницата „Осми септември“.

-На сите ни се познати трагичните слики што ги видовме во Милано и Ломбардија, кога поради недостиг на респиратори лекарите мораа да носат тешки одлуки. Во таа смисла, респираторите се од критично значење за пациентите најпогодени од вирусот. Тешко е да се набават, оти на сите им требаат, но среќни сме што, со помошта од УНОПС, успеавме да донесеме 12 сега, а уште неколку ќе следуваат подоцна. Ова се првите респиратори што земјата ги добива по почетокот на кризата. Со ова потврдуваме, уште еднаш, дека ЕУ е со вас во кризава, рече Жбогар.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров порача дека оваа пратка е дел од големата помош што ја добиваме од ЕУ.

Донираните респиратори се од јужнокорејско производство со високи перформански со инвазивна и неинвазивна вентилација и се клучни за пациентите сместени во единиците за интензивна нега

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...