5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНајново: Мајката и синот од Велес се јавувале во брза помош пред...

Најново: Мајката и синот од Велес се јавувале во брза помош пред смртта но…

Катерина и Ванчо Маноилови имале интензивна телефонска комуникација се до средината на јануари оваа година, кога таа наеднаш прекинува и повеќе со никого не комуницирале преку телефон, дознава Телевизија 24 од извори на истрагата.

-Според истите извори, во втората недела од јануари тие пет пати се јавиле и во велешката брза помош. Неколку дена подоцна, нивната телефонска комуникација престанува. Зошто барале брза помош? Дали им е пружена и на што се жалеле? На овие прашања не добивме одговор од брзата помош во Велес, се вели во прилогот на Телевизија 24.

„Такви информации можат да се добијат исклучиво по службена должност, само доколку тоа го побараат овластените државни институции“, вели д-р Страхил Тодоров, портпарол на Здравствен дом Велес.

Откако пет дена по наоѓањето на телата министерот за здравство Венко Филипче откри дека кај лешот на жената е најден коронавирус, десетина дена подоцна случај го затвори, бидејќи обдукцијата открила дека мајката и синот починале во март, кога епидемијата во Македонија веќе ја имаше.

Но, информациите до кои во меѓувреме дојдовме, укажуваат дека тоа можеби не е точно. Сепак, ако починале во јануари, дали е можно коронавирусот да бил присутен во земјава многу порано од она што го знаеме. Според вирусологот Никола Пановски, мала е веројатноста за тоа. Тој смета дека најверојатно тестот кај мртвата жена бил лажно позитиван, но наместо да се признае веќе направената, се прават нови грешки.

Во меѓувреме, Андреја Лазаревски, полицаецот од Велес кој беше на увид во станот на мајката и синот, е позитивен на тестот за коронавирус. По неколкудневно тактизирање, министерот Филипче рече дека најдениот вирус кај полицаецот нема никаква врска со вирусот кај починатата.

Завчера, за Телевизија 24 полицаецот Лазаревски рече дека се сомнева дека има коронавирус. Дали тој е „жртвеното јагне“ за да се оправда избрзаната информација за мртвата жена со коронавирус, ќе покаже истрагата, но и тестот за антитела на коронавирус, кој Лазаревски планира да го направи, се заклучува во прилогот на Телевизија 24.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...