8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Градоначалникот Димитревски по 17-18 дена има оздравено, затоа тестот е негативен.

Филипче: Градоначалникот Димитревски по 17-18 дена има оздравено, затоа тестот е негативен.

spot_imgspot_img

По случајот со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кој една недела откако обелодени дека е позитивен, по што повеќе државни функционери и новинари беа ставени во изолација и тестирани на ковид-19, најновиот статус на градскиот татко во Куманово е – негативен. Димитриевски објави дека се тестирал и во неколку приватни лаборатории и сите три теста се негативни.

Новинарите денеска прашуваа постои ли некаков сомнеж во тестовите на ковид-19 кои се прават во Институтот за јавно здравје, на кои тестови да им се верува, како и кој е епилогот за одговорноста на градоначалникот Димитриевски во врска со организирање на прес-конференцијата во Куманово.

Министерот Филипче кажа дека извештајот од ДСЗИ е испратен и во МВР, но не сакаше денеска да коментира детали.

За тестовите тој одговори:

– Тестовите кои се користат во Институтот за јавно здравје се одобрени од Светската здравствена организација и има само претпоставки колку време по тестирањето за оние за кои се добива позитивен резултат, може пациент да се негативизира имајќи предвид што не се знае колку време претходно бил носител на вирусот – одговори денеска министерот Венко Филипче.

Тој додаде дека во конкретниот случај знаеме дека разликата помеѓу двата теста била некаде 17 – 18 дена, што со третиот тест со дополнителни 10, е сосема доволен период еден пациент да се негативизира.

– Но заштитните мерки се за да се имплементираат и почитуваат. Тоа е суштината – зад секоја мерка има медицинска издржаност зошто тоа треба да биде така. Инкубацискиот период трае 14 дена, а јас лично немам решение за изолација, но седам 14 дена заради тоа што во кој било период од тие 14 дена некој може да покаже дека е позитивен на вирусот заради тоа што трае инкубацијата – појасни Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...