14.6 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаКороната не бира стари или млади, денес на инфективната клиника починаа пациенти...

Короната не бира стари или млади, денес на инфективната клиника починаа пациенти на 25 и 36 годишна возраст.

После денешниот случај треба уште повеќе да внимавме откако починаа две млади лица во држвата.

Уште две починати лица од Ковид-19 во земјава. Во последното деноноќие регистрирани се 41 новозаболени, а направени биле рекордни 728 теста. Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања.

Министерството за здравство информира дека едниот пациент починал пациент на 36 години од од Гостивар, кој освен зголемена тежина немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка. Во денешната евиденција на институтот на починати од КОВИД-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија.

Инаку потврден е 41 нов случај на КОВИД-19 и тоа во:

– Скопје 17
– Куманово 8
– Прилеп 8
– Тетово 4
– Струга 1
– Велес 2
– Битола 1

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 1367 лица.

Денеска се регистрирани 37 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата заклучи: 24 април (среда) и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на...

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...