7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаАлфа дознава: Лекар од ГАК бил на прв тест позитивен за КОВИД-19,...

Алфа дознава: Лекар од ГАК бил на прв тест позитивен за КОВИД-19, а следните два наредните два дена се негативни?

spot_imgspot_img

Страв и паника кај здравствените работници од Клиниката за Гинекологија и Акушерство. Лекарот Пајтим Асани пред десетина дена одел цела недела на работа со симптоми на коронавирус пред да биде тестиран.

Директорката на ГАК Јовановска за Алфа пак вели дека специјализантот Асани немал никакви симптоми, но сам решил да се тестира бидејќи бил од кумановскиот регион но и учествувал во пораѓање на родилка позитивна на корона. На неговото тестирање тој е позитивен на ковид 19. Драматично е што Асани, следниот ден прави уште два теста едниот во државна лабораторија другиот приватно, резултатите веднаш ги добил – и двата биле негативни.

“Во ЦЈЗ се тестирал самоиницијативно заради тоа што бил на породувањето на родилка позитивна на Ковид. И тој тест е позитивен, тоа е во сабота. Во недела прави уште еден тест, заради тоа што му се јавиле од јавно здравје дека тој тест кога му го зимале во истиот момент пристигнале 200 теста од Куманово и за да нема грешка, му се јавиле да направи уште еден тест.И тој тест е негативен, за да не биде дека има само еден негативен тој прави тест и во Систина.” – вели директорката на ГАК Викторија Јовановска.

Но тука не завршува приказната. Имено, како е можно за само два дена тестовите на Институтот за јавно здравје да покажат два различни резултата? Дали се точни тестовите во ЦЈЗ и зошто здравствените работници не им веруваат па се тестираат и приватно? Министерот Филипче и по овој случај уверува дека тестовите се релевантни.

“Два типа на тестови на атиген и антитела во даден момент – тестовите на антиген и антитела можат да бидат со соодветна комбинација или во која фаза од болеста или состојбата еден е позтивен друг е негативен и тука има бројни седум, осум комбинации на кој кој пациент е позитивен на вирусот.” – изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Ова не ја расветлува до крај дилемата за тестовите. Но и за ситуацијата на ГАК. Дали бебињата и родилките се безбедни?

Инаку бројот на заболени здравствени работници во земјава секојдневно расте, денеска е потврден нов од ГОБ “8-ми Септември”, пред два дена двајца медицински работници се позитивни на заразата и во Поликлиниката Чаир. Според последните официјални бројки позитивни на Ковид19 се повеќе од 220 здравствени работници.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...