10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаДоколку ви почине некој близок од Кoрона ќе треба 200 евра да...

Доколку ви почине некој близок од Кoрона ќе треба 200 евра да платите повеќе за погребот.

Скопјанец чија мајка починала од корона вирус се изненадил кога од погребалното „Бутел“ го информирале дека погребот ќе чини повеќе од вообичаеното, објави Слободен печат.

Кога прашал колку е погреб со ковид а колку без ковид, му одговориле дека без ковид е 24.000 денари, а со Ковид, поскапо.

-Немав избор, платив 37.280 денари за погребот и сите пропратни моменти како лимен сандак, пластична вреќа. И 5.300 денари за да се ископа местото. Среќа што веќе имав гробно место, инаку ќе требаше да земам кредит, вели соговорникот.
Тој до редакцијата ги испратил и фискалните сметки од кои се гледа дека мртовечкиот сандак чини 10.880 денари, но со него мора да се докупи и лимен ковчег од 13.550 денари, а пластична вреќа е наплатена 1950 денари. Како дел од протоколот не смеело да присуствуваат повеќе од 5 лица на самиот чин на погребувањето, а исклучено било и изложување на телото во капела.

Вака ја почнува приказната нашиот соговорник кој неодамна ја закопал неговата мајка откако претходно и се влошила здравствената состојба и морала да биде хоспитализирана во болницата 8 Септември во Скопје. Оваа болница е ковид центар во Македонија и дури 70 проценти од нејзините капацитети се искористени за справување со епидемијата, односно за примање пациенти што се заразиле со коронавирусот и им е потребно болничко лекување….

За повеќе да прочитате кликнете тука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...