16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата уапси уште едно момче кај Три бисери во Аеродром, но овој...

Полицијата уапси уште едно момче кај Три бисери во Аеродром, но овој пат опремени со ракавици.

Два тима на Интервентната полиција претпладнево околу 10:30 часот на булеварот Јане Сандански во Аеродром извршија апсење додека трае полицискиот час.

На фотографиите се гледа како приведените се спроведени во интервентно возило-комби.

Полицајците од двата тима носеа ракавици. По апсењето, полициските возила се упатија во правец на ТЦ Бисер во чија близина се наоѓа полициската станица Аеродром.

Од СВР Скопје велат дека е приведено едно лице осомничено за прекршување на полицискиот час по член 206 од Кривичниот законик. Бил забележан од припадници на полицијата и приведен.

Од МВР утрово соопштија дека од 15 часот до утрово 71 граѓанин не го почитувале полицискиот час.-Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот
(25/26.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на
целата држава 71 лице не ја почитувало забраната за движење, при што
приведени се 55 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат
соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци за изминатото
деноноќие на 32 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопштија од МВР.

телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...