8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаUncategorized @mkРапишана Петиција Американците тврдат дека позади овој вирус седи Бил Гејтс

Рапишана Петиција Американците тврдат дека позади овој вирус седи Бил Гејтс

spot_imgspot_img

Во САД е иницирана петиција за отворање истрага против фондацијата на основачот на Мајкрософт Бил Гејтс поради „злосторства против човештвото и злоупотреба на медицината“.

Петицијата, објавена на сајтот на Белата куќа „Ние, луѓето“, досега ја потпишале 425.000 луѓе, што е четири пати повеќе од бројот неопходен за официјален одговор од Белата куќа.

До федералната американската влада се апелира да побара од Конгресот да спроведе сеопфатна и јавна истрага.

„Додека ги гледаме случувањата околу пандемијата на ковид-19, многу прашања остануваат без одговор. На 18 октомври 2019 година, само неколку недели од официјалната прва жртва во Вухан во Кина, одржани беа два настани. Едниот е „Настан 201“, а другиот „Светските воени игри“, а двата се случија во Вухан“, пишува во петицијата.

Во петицијата против Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс потоа се вели дека „од тогаш почнува притисокот низ целиот свет да се направи вакцина и да се воведе биометриско следење на луѓето“.

Иницијаторите и потписниците на петицијата сметаат дека зад сето тоа стои Бил Гејтс.

Петицијата е почната на 10 април, а за само неколку дена ја потпишале 100.000 луѓе, што значи дека Белата куќа со ова прашање треба да се позанимава во рок од 60 дена.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...