7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветСветот во дилема, никој не сака да каже каде е и што...

Светот во дилема, никој не сака да каже каде е и што се случува со Ким Џонг ун?

Околу севернокорејскиот лидер се плетатт разно разни енигми дали е жив по интервенцијата врз срцето.

Не запираат шпекулациите и глобалната драма, откако неколку светски медиуми објавија дека 36 годишниот врховен лидер на Северна Кореја, Ким Јонг Ун починал.. Лидерот на авторитарната монархија не е појавен во јавност од 11 април, но шпекулациите се разгореа поради отсуството на Ким на 15 април на роденденот на основачаот на државата, односно неговиот дедо Ким Ил Сунг. Претседателот на работничката партија вчера не се појави ниту на денот на армијата, а тоа се два настани кои лидерот досега ги нема пропуштено.

Токму овие случувања доведоа до прашалници на глобално ниво, а оттука произлога и бројни шпекулации… Медиумите од Хонг Конг пренесоа дека Ким Јонг-Ун починал за време на операција на срцето. Јапонски магазин пренесе дека е во вегетативна состојба, а некои велат дека починал од коронавирус. Сепак во изминативе неколку дена бизарностите одеа до таа мерка што го сместија Ким и во стаклен ковчег, а неа ја објави Њу Јорк пост, кој се огради од релевантноста на истата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше запрашан на оваа тема, а тој одговори дека не им верува на шпекулациите, додавајќи дека му посакува добро здравје на непријателот на претходната гарнитура на СТЕЈТдепартментот.

Во целата драма има и оптимисти за здравјето на неприкосновениот лидер и велат дека тој е на одмор, а на такво мислење ги наведува писмото кое го испратил во знак на благодарност до работниците кои работат на модернизација на градот Самјонг, а тоа е прва вест поврзана со лидерот која произлегува од државните медиуми во Северна Кореја.

Ваквата вест беше надополнета и од западните медиуми кои објавија сателитска снимка од неговиот личен воз кој е стациониран на редовното одморалиште кое го користи само владеачкото семејство. Но поради невозможниот пристап до информации во земјата, светот ќе треба да почека потврди од нивните медиуми.

Сепак веќе со години е познато на глобално ниво за нарушеното здравје на лидерот кој покрај срцевиот проблем има висок крвен притисок и дијабетес, што не е новост во семејството. Неговиот татко и дедо биле дијагностицирани дијабетичари, а двајцата починале од инфаркт.

Доколку се остварат шпекулациите за смртта на Ким Јонг- Ун, најекспонирана фигура за негов наследник е неговата сестра Ким Јо-Јонг, која медиумите ја нарекуваат неговото алтер его.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...