13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаВело Маркоски: СЗО направи непотребна паника околу овој вирус, па повеќе умираат...

Вело Маркоски: СЗО направи непотребна паника околу овој вирус, па повеќе умираат од обичен грип одколку од Ковид-19.

Оваа паника е создадена од СЗО, исфорсираа тестови кои не се меродавни за следење на инфекциите, не предложија користење на серолошките тестови на антитела и донесеа строг став да се затворат сите држави и да не се излегува надвор. Па, ние во средниот век сме имале повеќе можност да патуваме отколку сега, вели професорот д-р. Вело Марковски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

– Низ светот луѓето се повеќе исплашени од што треба. Во истиот период од 3 месеци само од сообраќајни несреќи имаме 300.000 починати во светот, па не значи дека да направиме мерки никој да не вози. Ние станавме заложници на овој модел што го избравме и сега треба да продолжиме. Тој е во ред, само ако Комисијата за заразни болести има стратегија дека некаде кон крајот на мај вирусот сам ќе се повлече – вели Марковски.

Тој смета дека сега не можеме да одиме на колективен имунитет, а доколку одевме на полабави мерки ќе имавме околу 10 отсто од населението во контакт со вирусот.

– Вакцината како опција не е реална затоа што не знаеме кога ќе се создаде и затоа сега одиме на тоа дека вирусот природно ќе се повлече. Сепак, прашањето е што доколку се продолжи со овој модел уште три месеци, од економски аспект? – додаде професорот.

Тој нагласи дека од сезонските грип има повеќе починати во светот, отколку од коронавирусот и дека лошо е што оваа болест се споредува со моделот и бројките на грипот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...