11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаДенко Малески: Северно Македонците немаат историја, Крсте Петков Мисирков е бугарин, а...

Денко Малески: Северно Македонците немаат историја, Крсте Петков Мисирков е бугарин, а неспорно е дека Гоце Делчев се определил како Бугарин.

Контроверзни изјави и ставови на професорот Денко Малески кој по вокација не е историчар, деновиве ја разбрануваат македонската јавност но и и даваат сила на бугарската јавноста во нивната намера и настојување Македонија практично да се откаже од историскиот период до 1944 година и да признае дека идентитетот и македонската нација датираат од тој период.

Во неговата изјава за бугарска телевизија, Денко Малески вели дека Крсте Петков Мисирков е бугарин, а неспорно е дека Гоце Делчев се определил како Бугарин.

– Крсте Петков Мисирков е бугарин, тоа е очигледно, кој зборува за потреба од национален сепаратизам и за тоа бил критикуван, а мотивите му биле јасни, вели Денко Малевски во интервју за бугарска телевизија.

На прашањето од страна на новинарот зошто Гоце Делчев стана предмет на спор помеѓу Македонија и Бугарија бидејќи тој се определувал како Бугарин, Денко Малески вели дека е точно дека Делчев се определил како Бугарин.

– Тоа е точно, неспорно е дека тој е определил како Бугарин, тоа е така, но треба да се знае исто така дека тој е роден во една заедница, мултинационална, каква што била Македонија во тоа време и имал чуство за едел локал патриотизам кон својата земја за која што се борел. Според тоа не може да се порекне неговото бугарско национално чувство, но во предвид треба да се земе и тоа колку тој се залага за земјата во која што тој живеел а и фактот дека бил социјалист кој немал симпатии за бугарскиот двор, додава Малески.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...