5.9 C
Ohrid
сабота, март 6, 2021
Почетна Македонија Внуката на Гоце Делчев, Катерина Трајкова Нурџиева: Гоце Делчев се бореше за...

Внуката на Гоце Делчев, Катерина Трајкова Нурџиева: Гоце Делчев се бореше за Македонија а не за Бугарија

Translate (Eng):[gtranslate]

Катерина Нурџева е родена во Горна Џумаја (денес „Благоевград“) во 1922. Нејзините родители биле приморани да се преселат од Егејска Македонија во Пиринска Македонија во 1915 година. Дедото на Катерина е брат на Султана, мајката на Гоце Делчев. Таткото на Катерина и Гоце Делчев се први братучеди и соборци во македонското револуционерно движење.

Завршила учителска школа во 1943 година и била испратена да работи како учител по бугарски јазик во Штип. Поради тоа што не се согласувала со бугарската окупација на Македонија и бугарската политика кон Македонците, таа била притворена во штипскиот затвор, а потоа депортирана на егејскиот остров Тасос.

Во јавноста се’ уште е актуелна веста за тоа чиј револуционер бил Гоце Делчев, македонски или бугарски… Ова прашање е ставено на маса на македонската и бугарската комисија, кои во рамките на Договорот за “добрососедство” помеѓу двете земји разговараат за историјата.

РЕКЛАМА

Исто така темата деновиве се актуелизира и после ставот на Денко Малески, инаку советник на претседателот Пендаровски и прв министер за надворешни работи, кој за бугарска телевизија истакна дека Гоце Делчев е Бугарин.

Чувајте го чисто името, не дозволувајте некој да го присвојува. Чувајте го и чувајте ги зборовите на Гоце, вистинските зборови на еден прекрасен човек кој му беше посветен на народот”, вели внуката на револуционерот во видеото и додава дека тој бил подготвен да умpe за својата земја и токму тоа и се случило.

Катерина Трајкова Нурџиева е најмалата внука на македонскиот рев олуционер и деец Гоце Делчев. Еве што пред една година две години изјави таа за дејноста на Гоце Делчев и за која држава се залагал и борел тој…

- Реклами -