9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаИзбори ќе има ама ќе се гласа на растојание од два метра,...

Избори ќе има ама ќе се гласа на растојание од два метра, со задолжително носење на маски.

На избори ќе се оди со маски и со држење на меѓусебно растојание од два метри. Во кампањата масовните партиски собири ќе се избегнуваат, додека пак, за комуникација со граѓаните ќе се кристат дигиталните алатки. Вака владејачката СДСМ го замислува изборниот процес по справувањето со кризата. Генералниот секретар Николовски вели дека мерките за справување со корона вирусот веќе даваат резултати и ситуацијата се става под контрола.

Во контекст на изборниот процес кој се наметнува по справување со коронавирусот, односно маските и држењето дистанца, како и другите медицински протоколи ќе бидат дел и од изборниот процес. Почитувајќи ги сите мерки, ние ќе избегнуваме масовни собири и нивно организирање и се повеќе ќе се користат дигиталните, електронски начини на комуникација со граѓаните во целиот овој период, вклучително и во кампањата што претстои.

Николовски сепак, не дава временска рамка кога одложените избори од 12 април би можеле најрано да се одржат.

Од албанскиот партнер во Владата – ДУИ велат дека избори може да има само кога ќе се победи вирусот. Прифаќаат избори кој било месец штом ќе се создадат услови во однос на јавното здравје и можност да се оствари демократското право на глас на сите граѓани.

И од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат прво здравје, па избори.

Во меѓувреме, по времената мерка на Уставниот суд да не се чепкаат платите на функционерите во услови на криза, сите партии кои имаат државни функционери најавија дека ќе го донираат остатокот од платата до минималец

И функционерите на ЛДП и ДОМ најавија дека ќе останат на минималец, а парите ќе ги донираат во фондот за справување со корона вирусот.

Катерина Нешкова

Сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...